Roma children learning about human senses

10 Мар Учиме за човековите сетила

Учиме за човековите сетила
Минатата седмица почнавме да учиме за сите човекови сетила. До сега ги обработивме сетилата за вид, слух, допир и мирис. Низ многу игри и поучни вежби се обидовме да им ја разјасниме на децата улогата на секое сетило поединечно, за да сфатат колку тие ни се неопходни. Зборувавме и за лицата кои се родени без одредено сетило и за лицата кои изгубиле некое од сетилата и како тоа настанува. Зборувавме за начините на кои можеме да си ги заштитиме сетилата, за да ни служат што е можно подолго.
Во поглед на сето она што можеме да го насетиме со сетилата учевме за типовите мириси, како тие можат да бидат пријатни и непријатни; понатаму учевме за типовите звук, кои звуци можеме да ги произведеме ние самите, а кои со помош на разни предмети од секојдневието. Слушавме песни, игравме игри за препознавање на зависноста помеѓу оддалеченоста на изворот на звукот или мирисот со интензитетот со кој можеме да ги насетиме. Со врзани очи се обидовме да намирисаме различни предмети; само со користење на сетилото за вид, без допир да изброиме одреден број предмети и слични едукативни игри за деца. Во однос на сетилото за допир, во платнена вреќа ставивме еден предмет (користевме школски предмети кои лесно можат децата да ги препознаат) и вреќата ја врзавме. Потоа едно дете само користејќи ги рацете – сетилото за допир, треба да го погоди предметот. При тоа може да поставува прашања во врска со предметот, а наставникот може да одговара со да и не.

Нема Коментари

За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално