Повик за ангажирање на експерт за подготовка и одржување на веб страница

07 Јул Повик за ангажирање на експерт за подготовка и одржување на веб страница

Ekspert za podgotovka i odrzuvanje na web strana

 

ЕКСПЕРТ ЗА ПОДГОТОВКА И ОДРЖУВАЊЕ НА ВЕБ СТРАНИЦА

 

Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, како дел од мрежата ARISE: Акција за намалување на нееднаквостите во образованието , го реализира Проектот „Инспирирај, мотивирај, делувај за подобро образование“, финансиран од Европската Унија. Проектот цели кон поттикнување на подобра образовна интеграција на учениците со низок социо-економски статус во заедницата и подигнување на свеста  помеѓу локалните чинители за потребата од преземање акција за надминување на последиците од нискиот социо-економски статус врз образовниот и личен развој на учениците, преку следните активности:

  • Активности за зајакнување на капацитетите на ЦСИ НАДЕЖ за поддршка на учениците со низок социо-економски статус и за работа на образовни прашања во заедницата и пошироко;
  • Активности за намалување на последиците од нискиот социо-економски статус врз образовните постигнувања на учениците
  • Активности за инволвирање на самите ученици и семејствата во процесот на изнаоѓање решенија за подобрување на нивната свест и разбирање за потребата од преземање акции за намалување на последиците од нискиот социо-економски статус врз образовниот и личен развој:
  • Активности за зајакнување на разбирањето и сопствената свест на учениците да ги разберат и практикуваат вредностите за да им помогнат на оние кои се погодени од сиромаштија
  • Активности за запознавање на пошироката јавност на национално ниво за влијанието на сиромаштијата врз развојот на учениците и нивната благосостојба

 

ЦСИ НАДЕЖ преку овој повик поканува пријави за ангажирање на експерт за креирање и оддржување на поддомеjн на организациската веб страна.

 

Опис на ангажманот

Редовно одржување на веб страната на ЦСИ НАДЕЖ и нејзино подобрување/адаптирање, како и подготовка и редовно одржување на поддомеjн на веб страницата на ЦСИ НАДЕЖ, наменет за проектот “Инспирирај, мотивирај, делувај за подобро образование”, со што ќе се овозможи:

  • претставување на проектот на пошироката јавност;
  • актуализирање на предизвиците на учениците со низок социо-економски статус, нивните семејства, наставници и понуда на содржини за надминување на истите, преку креирње на тематски секции и потсекции;
  • презентирање на визуелно привлечен медиум за презентирање на информации, новости, повици за учество и придонес, интересни приказни, фотографии и видеа;
  • поставување важни линкови до други иницијативи, партнери, засегнати страни и активности на ЦСИ НАДЕЖ, проектните партнери и различни извори на информации за процесот на градење инклузивен образовен систем и општество;
  • јасно и видливо брендирање на донаторот/донаторите и придржување до правилата за видливост и комуникации поставени од Европската Унија.


Времетраење на ангажманот

  • август 2021 – декември 2022 г.


Место на извршување на ангажманот

  • дома/канцеларија на ЦСИ НАДЕЖ


Квалификации и искуство

  • соодветно образование (прв циклус студии во областа ИКТ или сертфикати за завршени курсеви за веб дизајн);
  • докажано искуство во дизајнирање веб страници (листа на клиенти односно дизајнирани веб страници).

 

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија. ЦСИ НАДЕЖ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават aжурирана професионална биографија и драфт идејно решение на следната адреса admin@csinadez.mk

Крајниот рок за доставување на апликациите е 13.07.2021 г. до 16.00 часот.

Нема Коментари

За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално