Како го прославивме 8-ми март

09 Мар Како го прославивме 8-ми март

Со мало задоцнување сакаме да ви покажеме што правевме по повод Денот на жената 8 Март. Во Едукативниот центар Надеж поканивме мајка која сметаме дека е од најеманципираните од родителите во нашиот проект, која заедно со нашите едукаторки на децата им објасни зошто се празнува 8 Март. Потоа направивме честитки со кои децата им го честитаа празникот на нивните сестри, мајки и баби.
Честитки правевме и во нашиот центар за претшколска возраст. Секое дете на свој начин си ја изработи неговата честитка и им ги подарија на мајките кога дојдоа да ги земат од градинка.

Нема Коментари

За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално