Го враќаме сјајот на пермакултурната градина

05 Мар Го враќаме сјајот на пермакултурната градина

Од почетокот на март добивме скромна поддршка од најмалите активисти при Шулер Хелфен Либен асоцијацијата за вклучување на пермакултурната градина во нашите секојдневни активности со дечињата од едукативниот центар. Токму затоа, го повикавме нашиот пријател Огнен од Зелената Арка да разговараме за можностите за развивање на нашата градина и оваа година. При првото влегување ги откорнавме старите исушени стебла останати од бамјите, „шери“ доматите и другите зеленчуци кои беа посадени во градината минатата година; ја набљудувавме почвата, разговаравме за сето она што сакаме да го посееме оваа година и како да ја живнеме градината и оваа година.

Нема Коментари

За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално