Почнува да мириса на пролет

17 Мар Почнува да мириса на пролет

Денешниот ден го поминавме набљудувајќи ги промените во природата пред официјално да ја дочекаме пролетта. Листопадните дрвја пројавија пупки кои набргу ќе расцветаат. Зимзелените нѐ посипаа со полен, а неколку храбри растенија нѐ изненадија во градината со нивната издржливост на ниски температури, па во целосен сјај ги китеа празните редови во градината кои чекаат да бидат посадени. На површината од почвата мали мравјалници се беа издигнале да ни пренесат дека мравките се подготвени за новата пролет. Подготвени сме и ние!

Нема Коментари

За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално