Category "Алатки"

13May2022

Google Meet е услуга за видео разговор дизајнирана првенствено за деловна, канцелариска и училишна употреба, која им овозможува на колегите/ соучениците да разговараат преку видео и текст.

Google Meet е достапен за на компјутер, за на телефони и таблети, за Android и iOS.

[…]

12May2022

Google Duo е апликација за видео и аудио повици направена од Google, слична на FaceTime на Apple, WhatsApp или Messenger на Facebook и Skype на Microsoft. Duo апликацијата е бесплатна за користење и работи и на iOS и на Android уредите – за разлика од FaceTime на Apple.

Google Duo се надополнува на вашиот телефонски број, ви овозможува да допрете луѓе во списокот со контакти/соученици на вашиот телефон и има одлични функции како Knock Knock, што ви овозможува да гледате видео во живо од вашиот повикувач пред да одговорите.

Апликацијата е лесна за користење бидејќи изгледот,дизајнот и функционалноста на апликацијата се многу едноставни. Во продолжение ќе прочитате како работи Google Duo, вклучително и како да започнете со користење и дали истата е безбедна за користење.

[…]

10Mar2022

Кахут! е бесплатна платформа која што е создадена и наменета првенствено за учење. Таа највеќе е базирана на игри. Се користи како образовна технологија во училиштата и другите образовни институции.Kaхут го користат 50% од американските наставници, а во над 200 земји низ светот има големи признанија и се користи во многу различни области. Игрите преку кои се учи, таканаречени „kahoots“, се квизови со повеќекратен избор кои што се генерирани од корисниците. На нив може да се пристапи преку веб-прелистувач или преку апликацијата Kahoot. Кахут! може да се користи и за преглед на знаењето на учениците, за формативно оценување, или за пауза од традиционалните активности во училницата. Оваа едукативна платформа е слична на другите технолошки алатки за учење како што се Wooflash, Socrative или Quizlet.

[…]

14Feb2022

Zoom платформата се користи во многу цели, а за време на пандемијата со Ковид вирусот зема голем дел и од онлајн наставата. Zoom апликацијата се користи во образовните институции уште од 2011 година од кога и постои, а од 2020 година има дури 2.22 милиони нови корисници. Преку Zoom може и да се гледаат и да се слушаат разговорите (предавањата) . Може да се испраќаат и пораки и да се споделуваат други содржини, пример Power Point презентации.

[…]

14Jan2022

Microsoft Teams e апликација за тимска работа. Апликацијата нуди можност за размена на инстант пораки, аудио и видео повици, богати мрежни состаноци. Заради својата практичност и опции оваа алатка успешно се користи и во спроведување на онлајн наставата. На Microsoft Teams може да се пристапува и од мобилен уред. Исто така овозможува и работа со датотеки и податоци, како и можности за проширување и интегрирање со Microsoft 365 и останати алатки.

[…]