Издавачите ќе ги понудат своите најнови изданија и ќе има големи саемски попусти на Саемот за книга 2022.
Саемот ќе се одржи од 3. до 9. мај во Арена Борис Трајковски
Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца.
Работното време на саемот ќе биде од 10:00 до 20:00 часот
Билетите ќе може да се набават онлајн и на билетарите пред влезот на саемот.Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија