Нашите проблеми VS носителите на промени

Post_imageНашите проблеми VS носителите на промени е секција која вклучува професионални новинарски текстови и статии за проблемите и предизвиците на учениците со низок социо-економски статус и нивните семејства , со цел актуализирање на оваа тема и барање решенија од креаторите на законот и експерти од различни области. 

Доколку сте дел од новинарската фела и сакате да дадете свој придонес, споделете ги со нас вашите новинарски текстови, статии, истражувачки стории на оваа тема.

28Jun2022

Ви претставуваме статијата на Мартина Басарова Ѓеровска во врска со многуте лица изгубени во системот, оневозможени да го докажат своето постоење и остварат своите права.

Статијата може да ја прочитате на следниот линк:

30May2022

Се верува дека талентот на Амир ќе се гради со образование, дисциплина  и ангажман од него како и од општеството. Но има сериозна бројка од таквите таленти кои без родителска поддршка и инстутционална или системска најчесто се „таленти на улица “…..

Иако е роден во Велес Амир Дестанов е израснат во скопската населба Шуто Оризари од познатата улица од оваа населба Пелагонија ББ, од каде и почнува приказната за детето што посетува  дневен центар „ Деца на Улица во Шуто Оризари“ и успехот трето место  на математичкиот интернационален  натпревар „Кенгур“2022 година.

Целата статија изработена од Сали Мемед за www.24vakti.mk може да ја погледнете на следниот линк :

17May2022

Осмоодделенецот Амир Дестанов, дете од улица кое реши да се бори со суровата судбина која сакаше неговото семејство да биде под дното на сиромаштијата, а тој, браќата, сестрата и мајка му да трпат семејно насилство, освои трето место на меѓународниот натпревар по математика „Кенгур 2022“.

Амир на остава ништо за дома, бидејќи нема услови за живеење, а камо ли за учење. Мајка му не била дома кога ја однел дипломата, ама вујната со која тој најдобро комуницира, била многу радосна. 

Статијата ја изработи С. К. ДЕЛЕВСКА за sdk.mk

Целата статија на следниот линк :

https://sdk.mk/index.php/neraskazhani-prikazni/dete-od-ulitsa-so-samo-eden-obrok-vo-denot-osvoi-treto-mesto-po-matematika-na-kengur/

29Apr2022

Ви претставуваме истражувачка сторија изработена од Димитар Бабалков за www.exclusive.mk во врска со проблемот на питачење, немањето на основно образование и борбата за живот на децата и семејствата од Скопје и другите градови.

Целата статија ја има на следниот линк :

15Apr2022

Ви претставуваме истражувачка сторија изработена од Маја Томиќ за mms.mk во врска со проблемот со децата и семејствата коишто просат на улиците низ Скопје и потребата од посериозен и континуиран пристам до овој проблем.

Целата статија ја има на следниот линк :