Microsoft Teams e апликација за тимска работа. Апликацијата нуди можност за размена на инстант пораки, аудио и видео повици, богати мрежни состаноци. Заради својата практичност и опции оваа алатка успешно се користи и во спроведување на онлајн наставата. На Microsoft Teams може да се пристапува и од мобилен уред. Исто така овозможува и работа со датотеки и податоци, како и можности за проширување и интегрирање со Microsoft 365 и останати алатки.
Инсталацијата може да ја превземете на следниот линк.
Главни функционалности на Microsoft Teams
1. Chat
Опцијата Chat ни овозможува брза и лесна комуникација. Има две можности: да имаме еден на еден или групна конверзација. Во пораките има опција да се споделуваат и фајлови кои ќе бидат достапни се додека е активен односно додека не биде избришан разговорот. Тој дел е многу практичен кога имаме потреба од испраќање на презентации, домашни работи и тестови.
2. Teams
Опцијата Teams е колекција на луѓе, разговори, датотеки и алатки. Истата овозможувa преглед и креирање на објави и датотеки на каналите во кои сте вклучени. Во Teams може да креирате и менаџирате ваши тимови со кликнување на опцијата “Join or create a team”. Најчесто каналите ги користиме за генерални известувања, споделување на содржини, поставување на прашања сл. Каналите не се постојано активни, се отвараат и се затвараат по потреба. Оваа опција е највеќе користена за онлајн предавањата во наставниот процес.
3. Calendar
Апликацијата Microsoft Teams има еден главен календар кој е наменет за целата група или организација. Членовите може да додаваат и прегледуваат состаноци и настани.
4. Tasks by Planner and To Do
Опцијата Tasks овозможува поставување и следење на работни задачи. Во овој таб може да ја следите приоритетноста на вашите задачи, роковите за изготвување и луѓето кои се вклучени во задачите.