За наставници

16Oct2022

Ви ја презентираме брошурата со добри практики од активности кои се реализираа и беа дел од проектот „Инспирирај, мотивирај, делувај” кој го реализира Центарот за социјални иницијативи „НАДЕЖ” а истиот се реализира како дел од регионалниот проект „АРИСЕ: Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“ (ARISE: Action for Reducing Inequalities in Education). АРИСЕ се спроведува во Албанија, Босна иХерцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Турција, и е финансиран од Европската комисија. Целта на проектот е да ја поддржи инклузијата на учениците со низок социоекономски статус (СЕС), и тоа преку градење национални и регионални партнерства на граѓанските организации од шесте земји кориснички заради нивно вклучување во застапување и конструктивен дијалог со властите за соодветните политики, во подигање на свеста кај засегнатите страни во образованието и во пилот-интервенции насочени кон учениците со низок СЕС на училишно ниво.

1Feb2022

Здружение ЛЕАД објавува повик за 7 средни училишта од Северна Македонија да земат учество во активностите предвидени во проектот „Learning Engagement And Democracy“, кој има за цел да го унапреди учеството на учениците во процесите на носење одлуки во средните училишта. Повикот е отворен за сите државни и приватни средни училишта, гимназии и стручни, кои сакаат да ги зајакнат демократските капацитети и кои сакаат да креираат нови или да ги зајакнат постоечките механизми за учество на учениците во процесите на носење одлуки.

Повеќе за проектот и начинот на аплицирање може да прочитате на следниот линк :

https://lead.org.mk/calls/call-5?fbclid=IwAR3C5hjOvRiDUdU6HxVtPuoI1JTeNaw-1lPCwT1AwMI8h7SU9ww5Kgody3w

11Jan2022

Национален извештај за Република Северна Македонија

Националниот извештај е подготвен во рамки на Проектот „АРИСЕ: Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“(ARISE: Action for Reducing Inequalities in Education) 1,регионален проект што се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Турција, а е финансиран од Европската комисија. Целта на проектот е да ја поддржи инклузијата на учениците со низок социоекономски статус (СЕС), и тоа преку градење национални и регионални партнерства на граѓанските организации од шесте земји кориснички заради нивно вклучување во застапување и конструктивен дијалог со властите за соодветните политики, во подигање на свеста кај засегнатите страни во образованието и во пилот-интервенции насочени кон учениците со низок СЕС на училишно ниво.
Податоците и информациите претставени во овој Национален извештај се собрани преку прашалник за политиките пополнет по анализата на документите за политиките кои се однесуваат на рамноправноста и по консултации со релевантни установи и експерти, како и фокус-групи и интервјуа со носители на политиките, училишни директори, наставници и стручни служби, ученици, родители, граѓански организации и експерти од областа на образованието. Фокус-групите и интервјуата се спроведени за да се осознае перспективата на засегнатите страни за прашања поврзани со рамноправноста генерално и во однос на образовниот контекст во земјата.

6Dec2021

Фондацијата Отворено општество-Македонија и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ имаат чест да Ве поканат на традиционалниот настан Speech4Teach, што се организира во рамки на проектот „Образование на помалку бројните етнички заедници“.

На настанот ќе се сподели првото, од планираните три едукативни видеа, „ГОВОРИМЕ ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ“, во кое експерти и практичари даваат свои видувања за потребата од менталното здравје и неговата важност за хуманиот, физичкиот и социјалниот капитал во заедницата. Како говорници се јавуваат: Проф. Д-р Димитар Боневски, Прим. Д-р Мери Бошковскa, Проф. Д-р Александра Каровска, Проф. Д-р Огнен Спасовски, училиштен психолог Ана Попризова и психолог психотерпевт Радмила Живановиќ. По проекција на видеото ќе постои можност за поставување прашања до говорниците и ќе следи кратка дискусија.

Повеќе информации и линк за приклучување кон говорот имате тука :

https://www.facebook.com/events/s/on-line-speech4teach-7-%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BC/201736282149687/

26Nov2021

Почитувани, Фондацијата „Чекор по чекор“ има посебно задоволство да ги покани сите наставници и членовите на стручната служба од основните училиштата од целата држава на обуката на тема: „Зајакнување на капацитетите за превенција и справување со насилство во училиште“. Предавачи на оваа обука се Прим. Д-р Мери Бошковска и Проф. Д-р Љуљзим Адеми. Оваа обука се реализира во рамки на проектот “И јас имам глас” со поддршка на “Save The Children International” – Косово и Шведската Агенција за меѓународен развој. На крајот на оваа обука, на учесниците ќе им се додели сертификат за успешно завршената обука.Целта на Проектот е да се подобри јавната свест за важноста на проактивното почитување на правата на децата како и за важноста на градењето капацитети на децата и младите за активно и одговорно граѓанство и учество во процесите на донесување одлуки кои ги засегаат на училишно и локално ниво.Рокот за пријавување на оваа обука е најдоцна до 29.11. (понеделник) до 14 часот, со ваше име, презиме, емаил адреса, институција и општина во која работите на следната адреса: zvezdan@stepbystep.org.mk. По вашето пријавување ќе ја добиете целосната агенда и линкот за приклучување на првиот ден од обуката којa е планиранa да започне на 02.12. (четврток) во 17:30 часот. Обуката е во времетраење од 4 дена, односно на следните датуми: 02, 03, 09 и 10 декември, со почеток во 17:30 часот.НАПОМЕНА: Оваа обука веќе беше реализирана во месец јуни,септември и октомври, и истата обука ќе се повтори во месец декември, со цел да се опфатат повеќе учесници. Учесниците кои присуствуваа на обуката во јуни и септември веќе добија сертификати за учество на оваа обука.