Што е ZOOM и како се користи?

Zoom платформата се користи во многу цели, а за време на пандемијата со Ковид вирусот зема голем дел и од онлајн наставата. Zoom апликацијата се користи во образовните институции уште од 2011 година од кога и постои, а од 2020 година има дури 2.22 милиони нови корисници. Преку Zoom може и да се гледаат и да се слушаат разговорите (предавањата) . Може да се испраќаат и пораки и да се споделуваат други содржини, пример Power Point презентации.

За користење на оваа платформа е најважно ученикот да има компјутер или паметен телефон. Потребно е пред користење на оваа апликација истата да се инсталира. Со кликање на веќе испратениот линк од предавањето ученикот ќе треба да со своето име и презиме се најави како корисник. Потоа ќе треба да ги одобри звукот и видеото (опционално).

Пооширни видеа упатства за користење на ZOOM платформата имате на следните линкови :

https://www.youtube.com/watch?v=ks9-gCMbRi4