Category "Мислења/ стории"

16Jun2022

За мене другарството е многу важно. Другарот треба да биде со тебе и во добро и во лошо. Другарите не треба да се караат и да се навредуваат. Ако некој зборува лошо за другарот треба да му кажеме дека тоа не е добро. Вистинско другарство е кога другарот ќе напрви некаква грешка а ти ќе му ја кажеш гршката или вистината. Висинските пријателства постојат и јас верувам во нив.

Напишал: J.A. VII одделение, ООУ Браќа Рамиз-Хамид” – Скопје

8Jun2022

Од време на време мислам на иднината. Збор од шест букви со огромно значење. Помислата на иднината може да не охрабри, но и да не збуни. Знам дека еден ден дружбата со другарите од основно ќе ни заврши и ќе треба да станеме сериозни и фокусирани на други работи. Пандемијата со Ковид-19 траеше скоро 3 години и сруши многу нереализирани сонови. Сепак, во нас постои една мала надеж. 

Мене помислата за иднината ми буди и убави и негативни чувства. Од една страна, растам и се чувствувам подготвен за нови предизвици во животот. Сакам да се остварам на многу полиња и да постигнам многу во животот. Верувам во себе и знам дека со труд можам да направам се. Негативните чувства за иднината не ми се толку силни, но сепак ми се создава некој немир бидејќи не знам што ќе се случува и дали ќе биде се како што планирам. Не знам дали ќе направам правилни избори во животот. Но, на тоа гледам позитивно. Неизвесноста ми дава некоја надеж што ме тера да се трудам повеќе, да учам, да се надоградувам со знаење и вештини кои ќе ми требаат во животот. Свесен сум дека ќе го совладам тој страв и дека не треба тоа да ми е пречка во животот. Мислам дека сите се чувствуваат така на овие години.

Што ќе ни донесе иднината не знаеме. Знам само дека што и да се случи ќе прифатам и ќе се потрудам да биде онака како што јас сакам, а тоа ќе го постигнам со труд, работа и учење. Верувам дека секој што се труди може многу да постигне.

Aвтор: И. Х. VIII одделение, ООУ „Браќа Рамиз-Хамид“- Скопје

18May2022

Јас сакам да живеам на чиста улица и сите соседи да ги фрлаат отпадоците во канта за ѓубре. Некои од соседите не размислуваат каде ги фрлаат отпадоците и не им е грижа дека ја загадуваат околината. Насекаде се чувствува непријатен мирис и поради тоа доаѓаат многу кучиња.

Кога јас би бил градоначалник сите улици би биле чисти, осветлени и ќе немат дупки. Ќе има многу контејнери и канти за ѓубре. Ќе се обидам да ги згрижам кучињата скитници за да улиците станат побезбедно место за движење. Ќе направам парк во кој ќе има многу дрвја, трева, цвеќиња и клупи за одмор и дружба за постарите и помладите. Јас исто така би сакал да има и казни за сите оние кои фрлаат ѓубре.

Aвтор: E.И. 6 одд.

16May2022

Јас сметам дека во моето одделение има поделба меѓу нас учениците. Моите другари се делат за различни работи.

Мене ми пречи што се делиме и според тоа кој колку пари има. Често знаат да ми дофрлат бидејќи не носам секогаш облека што е марка и ако немам тетратка земена на часот се шегуваат дека немам пари да си купам тетратки. Порано не беше така. Се дружевме многу од 1 одделение, но последните 2 години понекогаш се чувствувам отфрлен. Имам другари кои ме прифаќаат и со нив се дружам цело време, но не ми е убаво на часовите со целото одделение бидејќи ме исмеваат. Јас сум среќен со работите што ги имам и сметам дека проблемот е во нив, бидејќи не ги бираат другарите според карактерот, туку според облеката и телефоните што ги имаат. Таквите пријателства не се вистински и не траат. Знам дека со моите другари ќе бидам другар цел живот бидејќи ние многу си помагаме и се почитуваме.

Јас можеби не немам многу скапи работи, но знам дека јас сум побогат од другите бидејќи имам вистински другари кои секогаш ќе бидат тука за мене и јас за нив.

Автор : Ќ.Џ.

16May2022

Сите луѓе имаат карактеристики кои се разликуваат. Некои се повисоки, некои пониски, имаат различна боја на кожа, коса, очи, се облекуваат различно, од различна националност се, различен етникум и вера. Но сите делат исти вредности и се зближуваат на основа на вредностите кои ги имаат.

Вредностите се учат од мали нозе, од семејството, а потоа од училиштето, наставниците и околината. Според мене најважни вредности се искреноста, почитта, убавото однесување, подготвеноста да се биде прав другар и секогаш да се помогне. Моите родители од мала ме воспитуваат секогаш да ја кажувам вистината и да ги почитувам повозрасните. Да се биде другар научив на училиште, каде што секој ден сум со моите другари и другарки. Се дружиме и за време на часовите и после училиште. Понекогаш искреноста знае да ме стави и во незгодна ситуација, но никогаш не ја кријам вистината и ги прифаќам последиците. Среќна сум што моите родители и другари се тука за мене секогаш и дури и кога ќе направам нешто погрешно ме советуваат како да ја поправам грешката.

За жал, сите не ги имаат овие вредности, па затоа луѓето си кријат работи, се караат и не си помагаат едни на други. Мислам дека доколку сите ги имаат овие вредности многу полесно ќе се разбираме и се би било поубаво.

Aвтор : А.З.