Поглед кон иднината

Од време на време мислам на иднината. Збор од шест букви со огромно значење. Помислата на иднината може да не охрабри, но и да не збуни. Знам дека еден ден дружбата со другарите од основно ќе ни заврши и ќе треба да станеме сериозни и фокусирани на други работи. Пандемијата со Ковид-19 траеше скоро 3 години и сруши многу нереализирани сонови. Сепак, во нас постои една мала надеж. 

Мене помислата за иднината ми буди и убави и негативни чувства. Од една страна, растам и се чувствувам подготвен за нови предизвици во животот. Сакам да се остварам на многу полиња и да постигнам многу во животот. Верувам во себе и знам дека со труд можам да направам се. Негативните чувства за иднината не ми се толку силни, но сепак ми се создава некој немир бидејќи не знам што ќе се случува и дали ќе биде се како што планирам. Не знам дали ќе направам правилни избори во животот. Но, на тоа гледам позитивно. Неизвесноста ми дава некоја надеж што ме тера да се трудам повеќе, да учам, да се надоградувам со знаење и вештини кои ќе ми требаат во животот. Свесен сум дека ќе го совладам тој страв и дека не треба тоа да ми е пречка во животот. Мислам дека сите се чувствуваат така на овие години.

Што ќе ни донесе иднината не знаеме. Знам само дека што и да се случи ќе прифатам и ќе се потрудам да биде онака како што јас сакам, а тоа ќе го постигнам со труд, работа и учење. Верувам дека секој што се труди може многу да постигне.

Aвтор: И. Х. VIII одделение, ООУ „Браќа Рамиз-Хамид“- Скопје