За ученици

29Apr2022

Издавачите ќе ги понудат своите најнови изданија и ќе има големи саемски попусти на Саемот за книга 2022.

📅 Саемот ќе се одржи од 3. до 9. мај во Арена Борис Трајковски

📚 Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца.

⏰ Работното време на саемот ќе биде од 10:00 до 20:00 часот

🎫 Билетите ќе може да се набават онлајн и на билетарите пред влезот на саемот.Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија

15Apr2022

Драги ученици Ви го претставуваме Натпреварот по информатика за основци организиран од страна на Едукативниот центар „ Алгоритам“ . Право на учество имаат ученици од сите основни училишта во Република Северна Македонија од VI, VII, VIII и IX одделение. Натпреварувањето ќе се одржи online платформа за тестирање, а најдобрите ученици ќе поминат во вториот круг на тестирање со физичко присуство. Сите учесници ќе добијат електронски сертификати за учество.

Повеќе информации за пријавувањето и за натпреварот имате на следниот линк :

https://algoritam.mk/natprevar-informatika/?fbclid=IwAR0CRD5M1oddOwWNjAuxFILVPHXfB-DlRdKWzo6Rji-v4d1hCOs8GNoPm4o

10Mar2022

Драги ученици, Ви ја претставуваме креативната работилница, која што е дел од Giffoni Macedonia Youth Film Festival. Работилницата е отворена за сите ученици кои се грижат за животната средина и со рециклирање отпадот сакаат да создадат креативни творби или предмети со нова употребна вредност. 

Повеќе за работилницата има на следниот линк :

https://www.facebook.com/events/444841480767107/?ti=ls

Пријавувањето може да го направите со пополнување на формуларот на следниот линк :

https://docs.google.com/forms/d/1ZRESDbgbXNRSYpW3nElEL0YcpqDvkD5yLvCzPIdiTL0/viewform?fbclid=IwAR11N3mSUluvCwXCxjwT60__BrFs01RR_w7DM468g-zrLWgP9zT3_kN3KZM&edit_requested=true

4Mar2022

Почитувани ученици, Ви претставуваме многу интересен повик и важна информација. Имено, Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, во соработка со Институт за дизајн и технологија (ИДТ), повторно ги поддржуваат средношколците и бруцошите од цела Македонија кои изминатата 2021 година ја завршиле со просек под 3,9. Целта на овој проект е мотивирање на учениците да го продолжат личниот развој во областите на уметноста и дизајнот, како и подигање на свеста за индивидуалниот пристап и важноста на секој предмет од образованието за секој ученик, без разлика на нивниот просек.

За прв пат, оваа година, на овој повик ќе може да се пријават и средношколци кои во моментот се прва година во средно училиште и студенти кои минатата година завршиле со своето средно образование (односно се бруцоши).

Повикот за стипендија е отворен од 25 февруари до 14 март 2022 година и се однесува за новата 21-ва сезона на курсеви.

Повеќе информации може да најдете на следниот линк : https://djolevandthearts.edu.mk/blog/2022/02/25/javen-povik-za-celosni-stipendii-za-srednoshkolci-so-prosek-pod-3-9/?fbclid=IwAR2jG1b6pInd6kM5jRdFtkj9fWGFN3_UIuRwn7sVLWVMh3iIiYY_t9R5RZ4

16Feb2022

Што е тоа што ви пречи околу вас? Кој е виновен? Кој ќе го реши проблемот? Вперувањето прст стана водечка општествена дисциплина, решенија не нуди никој. Може ли креативноста на младите да ја промени нашата околина, може ли младите сами да бидат креатори на светот во кој сакаат да стареат? Формулата е едноставна, проблем+идеја+поддршка=решение. За две години, со проектот #SHAPE се изгради зона во која младите ќе постават проблем и за него ќе најдат решение!

Настан/дискусија онлајн на Facebook.

17.02.2022 во 13 часот

Линк до настанот :

https://www.facebook.com/events/484843313206049/?active_tab=about