ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЦЕЛОСНИ СТИПЕНДИИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПРОСЕК ПОД 3.9

Почитувани ученици, Ви претставуваме многу интересен повик и важна информација. Имено, Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, во соработка со Институт за дизајн и технологија (ИДТ), повторно ги поддржуваат средношколците и бруцошите од цела Македонија кои изминатата 2021 година ја завршиле со просек под 3,9. Целта на овој проект е мотивирање на учениците да го продолжат личниот развој во областите на уметноста и дизајнот, како и подигање на свеста за индивидуалниот пристап и важноста на секој предмет од образованието за секој ученик, без разлика на нивниот просек.

За прв пат, оваа година, на овој повик ќе може да се пријават и средношколци кои во моментот се прва година во средно училиште и студенти кои минатата година завршиле со своето средно образование (односно се бруцоши).

Повикот за стипендија е отворен од 25 февруари до 14 март 2022 година и се однесува за новата 21-ва сезона на курсеви.

Повеќе информации може да најдете на следниот линк : https://djolevandthearts.edu.mk/blog/2022/02/25/javen-povik-za-celosni-stipendii-za-srednoshkolci-so-prosek-pod-3-9/?fbclid=IwAR2jG1b6pInd6kM5jRdFtkj9fWGFN3_UIuRwn7sVLWVMh3iIiYY_t9R5RZ4