За ученици

14Feb2022

Наградниот конкурс „Trash for art 2022“ е отворен за сите деца и возрасни, за натпреварување во 3 категории. Истиот трае од 15.03.2022 год. до 17.03.2022 год. Во секоја категорија ќе бидат доделени по три награди, за прво , второ и трето место. Поентата е да се собира амбалажен отпад и да се направи уметничко дело.

Повеќе информации имате на следниот линк :

http://www.pakomak.com.mk/?fbclid=IwAR0mBpkXS-nDgjmhW4zwuk8626UU5RTinzAD6NCOUJ83Uc_XgCj0o4EMeWo

1Feb2022

„PERIOD Skopje“ отвора повик за 30 средношколци, за учество на еднодневна работилница „Менструална правда“.

„Работилницата има за цел унапредување на знаењата на средношколците на тема менструација, менструална сиромаштија, менструална стигма и менструално здравје. Предвидени се две работилници со по 15 учесници по работилница. Првата работилница е предвидено да се одржи на 12 февруари, а втората на 19 февруари 2022 година, со почеток од 10 часот во МладиХаб. Крајниот рок за аплицирање е 7 февруари 2022 до 16 часот. 

Повеќе информации и формуларот за аплицирање може да најдете на следниот линк :

20Jan2022

Драги ученици, со огромно задоволство ви ја претставуваме е-библиотеката на UNICEF MK. Таму може да најдете разни е-книги , прирачници, сликовници и работни листови на македонски, албански и турски јазик за деца од градинка и за ученици од основно училиште. Повелете линк до библиотеката

https://issuu.com/unicefmk

15Dec2021

Учесниците на дводневниот младински хакатон „Techathon 2021“, имаа задача да покажат како може да младите да помогнат во справување со секојдневните локални и глобални предизвици.

Педесет учесници распределени во 13 тимови имаа задача да претстават креативни решенија за дел од предизвиците со кои се соочуваме денес, за време на „Techathon 2021“ – дводневен младински хакатон на тема “Innovative Youth Entrepreneurship Idea”.

Повеќе за идеите на учесниците и како помина Техатонот може да прочитате на следниот линк:

https://www.slobodnaevropa.mk/a/%D1%82%D0%B5%D1%85%D0%B0%D1%82%D0%BE%D0%BD-%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%B8/31601075.html?fbclid=IwAR0xXxpXNuCZhMyfT-FJ2LjDU6vWVQDRsa6EbXQ_i7xn7p1N6jNV6JRXzLg

26Nov2021

Драги ученици Новогодишната магија е веќе започната ! Ве повикуваме да учествувате со ваши изработки во овој конкурс и да освоите награда ! Прекрасна можност за чувствување на празничната еуфорија е пред нас !

Амбасадата на Русија, заедно со Образовен центар за класична ликовна уметност Da Vinchi, најавуваат конкурс НАПРАВИ САМ УКРАС ЗА НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА, посветен на традициите на народната уметност на нашите две земји. Во конкурсот можат да учествуваат деца од 5 до 17 години. Конкурсот ќе трае од 15 ноември до 15 декември.

Повеќе детали околу конкурсот и условите за учество имате на следниот линк :

https://www.facebook.com/educationcentredavinchi/posts/448021730370996