Ви ја презентираме платформата каде што има готови презентации, часови, видеа, тестови и вежби на повеќе јазици (македонски , англиски, албански, српски, турски и други)
По повод октомври – месецот на штедењето, Халкбанк АД Скопје и штедливото слонче Халки објавуваат конкурс за најдобар расказ на тема „Инклузија – сите деца се исти“. Право на учество имаат деца од 7 до 12 години, а конкурсот ќе трае до 31 октомври. Расказите испраќајте ги на: halkbank@halkbank.mk со назнака „Конкурс за најдобар расказ”.Наградата се состои од детска штедна книшка со вредност од 3.000 денари.Условите за учество можете да ги најдете на следниов линк https://halkbank.mk/detsko-shtedenje.nspx
Драги ученици, ви претставуваме многу корисна алатка која ќе ви помогне во процесот на учење и совладување на наставниот материјал-Платформата ЕДУИНО-настава. Овде може да најдете над 4000 видеолекции подготвени во согласност со наставните единици и снимени од наставници низ целата држава. Видео лекциите можете да ги погледнете за време на вашиот следен час или, пак, доколку сакате да повторите дел од материјалот. Тие се овде да ви помогнат и да го поддржат вашиот процес на учење.
Видео лекциите се прикажани според одделение, предмет и наставна недела.
Пoгледнете ги на следниот линк: Основно образование – ЕДУИНО | EDUINO
Македонскиот Центар за Граѓанско образование организира натпревар за ученички иницијативи. Пријавувањето започнува на 27.09.2021 год. Повеќе информации и формуларот за пријавување може да го најдете на следниот линк: http://mk.mcgo.org.mk/vesti/natprevar-za-ucenicki-inicijativi/?fbclid=IwAR1Ypv8TeBBOiwMFI7WqYqIsZ_0EJ0dbKNw76kQchjLZ6ND5qfV4iC9ti-E