Category "Родители"

3Dec2021

Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец ноември 2021 година.

Повеќе информации на следниот линк:

https://www.mtsp.gov.mk/pocetna-ns_article-mtsp-vo-tek-e-isplatata-na-pravata-od-socijalna-i-detska-zashtita_12.nspx

24Nov2021

Драги едукатори, родители/старатели и деца,

Радост, смеа и игра се зборови кои нè потсетуваат на детство и за многумина се едни од најубавите спомени од животот. Деновите поминати со забава, насмевки и дружење се бесценети за секое дете. Потсетувајќи се на ова, ЕДУИНО презема важна мисија: да поттикне радост и безброј насмевки во целата држава!

По повод 20-ти ноември, Светскиот ден на детето, преку незаборавниот креативен предизвик „ЕДУИНО Игратон“ сакаме да инспирираме цела недела исполнета со дружба, учење и игра под мотото – Целата држава учи и игра! Оваа година го прошируваме игратонот, па освен родители/старатели и деца во домашни услови, во игратонот ќе може да учествуваат деца и воспитувачи од градинките, како и ученици и одделенски наставници од училиштата!

Повеќе информации на следниот линк :https://www.eduino.mk/igraton/?fbclid=IwAR3NmcfEFsxAMczZ2J1X8LU9XOyWUf9UsoKbVRUNtbFHyBlkuDTTdgRrPjE

12Nov2021

Мерката Практиканство овозможува стекнување на практични работни знаења и вештини потребни за извршување на работни задачи на одредени работни места и е наменета за невработени лица до 34 години со минимум завршено средно образование кои се корисници на гарантирана минимална помош.

За повеќе информации може да се обратите во работните клубови на 30-те Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на РСМ и на официјалната веб страна на АВРСМhttp://www.av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx

27Oct2021

Ве известуваме дека во тек е дополнителната исплата на образовниот додаток, кој се исплаќа во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата. Со дополнителната исплата се опфатени 3872 корисника. Повеќе информации имате на следниот линк :

https://mtsp.gov.mk/pocetna-ns_article-mtsp-vo-tek-e-dopolnitelnata-isplata-na-obrazoven-dodatok.nspx

21Oct2021

Додаток за образование се обезбедува заради покривање на дел од трошоците на домаќинството поврзани со образованието на децата, во зависност од материјалната состојба на домаќинството како и за корисници на гарантирана минимална помош согласно Законот за социјална заштита.
Право на додаток за образование има домаќинство со дете кое е на редовно школување во основно или средно образование во училишта во Република Северна Македонија верификувани од Министерството за образование и наука и запишани во Централниот регистар на Република Северна Македонија и во регистарот на Министерството за образование и наука, чии вкупни просечни месечни приходи остварени во последните три месеци пред поднесување на барањето и во текот на користењето на правото по сите основи на сите членови во домаќинството се во висина до прагот за пристап на правото на додаток за образование, кој е поставен на 6800 денари, а кој се зголемува за секој член на домаќинството за коефициент од еквивалентната скала, а најмногу за вкупно осум члена во домаќинството.
Повеќе информации имате на следниот линк: https://www.mtsp.gov.mk/prava-od-detska-zashtita-ns_article-dodatok-za-obrazovanie.nspx