Додаток за образование

Додаток за образование се обезбедува заради покривање на дел од трошоците на домаќинството поврзани со образованието на децата, во зависност од материјалната состојба на домаќинството како и за корисници на гарантирана минимална помош согласно Законот за социјална заштита.
Право на додаток за образование има домаќинство со дете кое е на редовно школување во основно или средно образование во училишта во Република Северна Македонија верификувани од Министерството за образование и наука и запишани во Централниот регистар на Република Северна Македонија и во регистарот на Министерството за образование и наука, чии вкупни просечни месечни приходи остварени во последните три месеци пред поднесување на барањето и во текот на користењето на правото по сите основи на сите членови во домаќинството се во висина до прагот за пристап на правото на додаток за образование, кој е поставен на 6800 денари, а кој се зголемува за секој член на домаќинството за коефициент од еквивалентната скала, а најмногу за вкупно осум члена во домаќинството.
Повеќе информации имате на следниот линк: https://www.mtsp.gov.mk/prava-od-detska-zashtita-ns_article-dodatok-za-obrazovanie.nspx