За наставници

12Nov2021

Наставник си во основно или средно училиште во С.Македонија? Сакаш да ги подобриш своите вештини за подготвка на проекти за меѓународни и домашни донатори? Пријави се на дво-дневната обука онлајн обука за подготовка на проектни апликации која ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември од 15.00ч – до 19.00ч.

Повеќе информации и формулар за апликација на следниoт линк :

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdjgy4EJsPOUkdAF-KuE0lqUP-Gt6svGq4mvvAbNfBvrwNMJg/viewform?fbclid=IwAR2KOBjG2Y-4wOj-Cw5cT8epVSVbJoWlS92Ov9CsPRZWIET9_z45dv01rAg

8Nov2021

Прирачници за личен развој на учениците од петто до деветто одделение кои се наменети за наставниците за поучување на учениците на трансверзални и животни вештини беа објавени на македонски и албански јазик, во рамките на Проектот PEACOCK – Мир преку соработка, компетенции и знаења.

За повеќе информации и симнување на прирачниците кликнете на следниот линк:

http://mk.mcgo.org.mk/vesti/priracnici-za-nastavnici-za-licen-razvoj-na-ucenicite-od-5-do-9-oddelenie/

2Nov2021

Министерството за образование и наука објави Јавен повик за доделување на грантови за основните и јавните средни училишта, кои придонесуваат за равој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата. Активностите кои ќе бидат поддржани со грант, може да се реализираат самостојно во училишта во кое наставата се одржува на повеќе наставни јазици, или во партнерство со друго училиште.

Грантови се во висина до 30.000,00 денари и ќе бидат доделени на вкупно  95 училиштата, од кои 70 основни и 25 средни училишта, а селекцијата со рангирање ќе ја прави Комисија за вреднување на пристигнатите апликации, согласно одредените критериуми.

Повеќе информации имате на следниот линк :

https://mon.gov.mk/content/?id=4359&fbclid=IwAR1DSu6XpWun2aU6HfovWqLXOKgxQgR3twbzfoxwZxuvjzMZtkFpaztrEBA

21Oct2021

Традиционално, и оваа година, North-South Центарот на Советот на Европа и Мрежата на Глобалното образование, чија членка е и АДИ, ги покануваат сите, едукатори и образовен кадар, активисти од граѓанскиот сектор, претставници на институциите, младите и многу други засегнати страни и практичари да го прослават и промовираат Глобалното образование, како алатка за свест и дијалог во светот, помеѓу 15 и 21 ноември. За повеќе информации и пријавување посететe го следниот линк : https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfYXMqR5lOzNjIEWKetS8UeEiiLaOb5G_o6gQjP-x7I_gcC8w/viewform?fbclid=IwAR35rxgI3Om75iSRoR5ueKdh6KXruKGhISL7EsNUXUZyieHuGQwKcCfrbNo

1Oct2021

Драги наставници, ви претставуваме корисна алатка која ќе ви помогне во организирањето и спроведувањето на часовите. Овде ќе најдете над 50 видеоупатства за наставници, воспитувачи, кои ќе ве поттикнат и ќе ви помогнат да го направите следниот онлајн час подобар, поинтерактивен и поинтересен.

Видеоупатствата се подготвени во краток и практичен формат, и се наменети да ве инспирираат да пробате нови алатки и пристапи.

Се надеваме дека ќе погледнете дел од видеата на следниот линк и ќе научите нешто ново и корисно!

Видеоупатства и отворени ресурси наменети за образовниот кадар – ЕДУИНО | EDUINO