Алатки за застапување и комуникација

14Jan2022

MentiМeter е дигитална алатка која што овозможува креирање на интерактивни презентации. Исто така со оваа алатка може да се постават прашања и да се добијат одговори додека трае една презентација. Алатката овозможува услужување на голем број корисници. Можностите за  интеракција и визуализација ја прават алатката уникатна. Со оваа алатка може и да се креираат богати содржински слајдови, да се спроведуваат анкети и да се креираат квизови. За да се изработи содржина во алатката потребно е да се направи корисничка сметка, но за да се одговараат прашања не е потребно да се има сметка/акаунт.

Предноста на оваа алатка во наставата е тоа што учениците не мораат да прават корисничка сметка за одговарање на прашањата и за внес на повратни информации и на тој начин истовремено се заштитени бидејќи не треба да ги даваат своите лични податоци. Наставниците оваа алатка може да ја користат за кратки проверки на знаењата или за собирање на информации на пример за локацијата на училишната ескурзија. Уште една предност е тоа што на содржините може да им се пристапи од било кој уред, па наставниците не се ограничени само на една просторија во која има комјутер, важно е само да има интернет. Недостаток е само тоа што има 2 прашања по презентација, но може тоа да се заобиколи со правење на повеќе презентации, тие се неограничени.

[…]

23Dec2021

„Скреч“ (Scratch) е програмски јазик во којшто може да се креираат сопствени интерактивни приказни, игри и анимации. Може да се користи од страна на учениците, наставниците и родителите, засебно или заеднички. Преку Scratch се развива систематичноста и креативното размислување. Изработените материјали од оваа програма може да се употребуваат во образовни цели и за природните и општествените науки. Може да се направат симулации, визуeлизации, експерименти, презентации, анимирани приказни и други интерактивни активности.

[…]

11Nov2021

Драги ученици Ви ја претставуваме втората алатка за застапување и комуникација која што може да ја користите за презентација на ваши идеи, домашни задачи, истражувања, анкети, мислења, и слично. Microsoft PowerPoint е програма за презентација на слaјд шоу во училница , канцеларија, за некоја продажба, презентација на состанок, за слајд шоу за свадби и родендени, за мали групи или за голема публика. Слајд шоуто може да се прикаже на проектори или телевизори со големи екрани. Обично, презентерот и зборува на публиката и ја користи PowerPoint презентацијата за визуелизација за да го задржи вниманието на слушателите и да додаде визуелни информации. Некои презентации се креираат и снимаат за да обезбедат дигитално искуство.

[…]

19Oct2021

Блог претставува онлајн платформа на која се прикажуваат низа на текстови, најчесто по хронолошки распоред. Блогот содржи текстуални содржи (популарно наречени „блогови“) напишани од еден или од група на автори. Блоговите содржат ставови и мислења за различни теми, зависно од определеноста и тематиката на блогот на кој се објавени.

БЛОГ е термин кој може да означува различни нешта-онлајн списание, дневник, размена и споделување на информации, место за дискусија и дебата, платформа за едукација и место каде што можат да се пронајдат нови информации за која било тема. Типичниот блог содржи комбинација од текст, фотографии, видеа и линкови.На блогот, читателите можат да оставаат свои коментари и да дискутираат со други читатели. Впрочем, токму тоа е и целта на блогот.

[…]