Јас сметам дека во моето одделение има поделба меѓу нас учениците. Моите другари се делат за различни работи.
Мене ми пречи што се делиме и според тоа кој колку пари има. Често знаат да ми дофрлат бидејќи не носам секогаш облека што е марка и ако немам тетратка земена на часот се шегуваат дека немам пари да си купам тетратки. Порано не беше така. Се дружевме многу од 1 одделение, но последните 2 години понекогаш се чувствувам отфрлен. Имам другари кои ме прифаќаат и со нив се дружам цело време, но не ми е убаво на часовите со целото одделение бидејќи ме исмеваат. Јас сум среќен со работите што ги имам и сметам дека проблемот е во нив, бидејќи не ги бираат другарите според карактерот, туку според облеката и телефоните што ги имаат. Таквите пријателства не се вистински и не траат. Знам дека со моите другари ќе бидам другар цел живот бидејќи ние многу си помагаме и се почитуваме.
Јас можеби не немам многу скапи работи, но знам дека јас сум побогат од другите бидејќи имам вистински другари кои секогаш ќе бидат тука за мене и јас за нив.
Автор : Ќ.Џ.