Животни вредности

Сите луѓе имаат карактеристики кои се разликуваат. Некои се повисоки, некои пониски, имаат различна боја на кожа, коса, очи, се облекуваат различно, од различна националност се, различен етникум и вера. Но сите делат исти вредности и се зближуваат на основа на вредностите кои ги имаат.

Вредностите се учат од мали нозе, од семејството, а потоа од училиштето, наставниците и околината. Според мене најважни вредности се искреноста, почитта, убавото однесување, подготвеноста да се биде прав другар и секогаш да се помогне. Моите родители од мала ме воспитуваат секогаш да ја кажувам вистината и да ги почитувам повозрасните. Да се биде другар научив на училиште, каде што секој ден сум со моите другари и другарки. Се дружиме и за време на часовите и после училиште. Понекогаш искреноста знае да ме стави и во незгодна ситуација, но никогаш не ја кријам вистината и ги прифаќам последиците. Среќна сум што моите родители и другари се тука за мене секогаш и дури и кога ќе направам нешто погрешно ме советуваат како да ја поправам грешката.

За жал, сите не ги имаат овие вредности, па затоа луѓето си кријат работи, се караат и не си помагаат едни на други. Мислам дека доколку сите ги имаат овие вредности многу полесно ќе се разбираме и се би било поубаво.

Aвтор : А.З.