Google Meet е услуга за видео разговор дизајнирана првенствено за деловна, канцелариска и училишна употреба, која им овозможува на колегите/ соучениците да разговараат преку видео и текст.
Google Meet е достапен за на компјутер, за на телефони и таблети, за Android и iOS.
За разлика од многу други производи на Google, на Google Meet треба да се плати сметка, која започнува од 6 долари месечно по корисник. Основната сметка/акаунт на Google Meet ќе ви овозможи да одржувате повик со најмногу 25 луѓе одеднаш, додека повисоките нивоа на членство ќе го подигнат лимитот до 100 луѓе истовремено во повик.
Секој со сметка на Google може да создаде видео состанок, да покани до 100 учесници и да се состанува до 60 минути по состанок бесплатно. За дополнителни функции како што се меѓународни броеви за бирање, снимање состаноци, пренос во живо и административни контроли, видете ги плановите и цените. Наменет е за употреба во оделенија, бизниси и други организации за на одличен начин колегите кои не работат/учат во исто место/зграда да комуницираат.
Може да го симнете на следниот линк :
На Google Meet можете да ги вклучите камерата и микрофонот независно, или па можете само да ги користите за аудио повици ако сакате.
Можете да креирате ад хок повици и да ги поканите вашите пријатели и семејството. Тие можат да се придружат со впишување на кодот за состанок или можете да им испратите врска на која ќе кликнат.
Една од најдобрите работи за Google Meet е тоа што не треба да инсталирате никаков софтвер на работната површина. Сите во повикот (организаторот и присутните) едноставно само мора да користат модерен веб-прелистувач.
Организаторот на Google Meet може да сподели што е на неговиот екран со сите на повик, а секој учесник може да ја исклучи сопствената аудио и/или видео врска во секое време, учествувајќи како што сака.
Само запомнете дека треба да дозволите Google Meet да пристапува до телефонот или до камерата и микрофонот на компјутерот кога ќе го поставите, во спротивно програмата нема да функционира правилно.
Линк до видео за детално објаснување на користењето на Google Meet :