Од мала сакав спорт. Решив да тренирам фудбал и играв неколку години, се до шесто одделение. Во шесто одделение имавме и спортски натпревар во нашето училиште ООУ „Браќа Рамиз – Хамид“ и освоив прво место и награда.
Во седмо одделение почна да ми се допаѓа и кошарката како спорт. Љубовта кон кошарката ми започна во училиште на часот по физичко. Ги гледав другите ученици како играат во салата и ми се виде многу интересно. Ги прашав кои се правилата, ми објаснија како се игра и ги замолив да играм и јас со нив. Од тогаш секој ден играм кошарка со моите другари и другарки и со сестра ми. Многу ми е интересно кога играм кошарка, добра сум во играта и тоа ме прави посигурна во себе. Откако почнав да играм се запознав и со многу други деца и играм со нив, но исто така и се дружиме надвор од теренот. Во слободно време исто така гледам кошаркарски натпревари и навистина многу ми се допаѓа тој спорт.
Кошарката не ми е единствено хоби. Сакам да играм и одбојка и да слушам музика. Одбојка најмногу играм со сестра ми, но не толку често. Слушам поп музика, а најмногу ја сакам француската музика. Сепак, кошарката ми е омилено хоби.
Мислам дека ќе ми остане само хоби, бидејќи сакам да учам средно медицинско и да станам медицинска сестра. Љубовта кон спортот ми е голема, но исто и желбата да работам како медицинска сестра и да помагам на другите луѓе.
Автор : М.М. 7 одделение ООУ „Браќа Рамиз-Хамид“-Скопје