MentiМeter е дигитална алатка која што овозможува креирање на интерактивни презентации. Исто така со оваа алатка може да се постават прашања и да се добијат одговори додека трае една презентација. Алатката овозможува услужување на голем број корисници. Можностите за интеракција и визуализација ја прават алатката уникатна. Со оваа алатка може и да се креираат богати содржински слајдови, да се спроведуваат анкети и да се креираат квизови. За да се изработи содржина во алатката потребно е да се направи корисничка сметка, но за да се одговараат прашања не е потребно да се има сметка/акаунт.
Предноста на оваа алатка во наставата е тоа што учениците не мораат да прават корисничка сметка за одговарање на прашањата и за внес на повратни информации и на тој начин истовремено се заштитени бидејќи не треба да ги даваат своите лични податоци. Наставниците оваа алатка може да ја користат за кратки проверки на знаењата или за собирање на информации на пример за локацијата на училишната ескурзија. Уште една предност е тоа што на содржините може да им се пристапи од било кој уред, па наставниците не се ограничени само на една просторија во која има комјутер, важно е само да има интернет. Недостаток е само тоа што има 2 прашања по презентација, но може тоа да се заобиколи со правење на повеќе презентации, тие се неограничени.
Видео за Ментиметар
Малку повеќе за Ментиметар:
Типови на слајдови
Слајдови со прашања
Multiple choice
Овој вид е наменет за прашања на заокружување, кои може да имаат еден или повеќе точни одговори. Може да има различен приказ на резултатите како: пита, крофна, точкаст и линиски приказ.
Word cloud
Овој вид е наменет за прашања кои можат да се одговорат со зборови. Учесникот може да го впише одговор во Input полето.
Open Ended
Овој вид е наменет за отворени прашања кои треба да се образложат. Учесникот ќе може да го напише својот одговор во input полето.
Scales
Овој вид е наменет за скалесто бодување; одговорите на прашањата се бодуваат од 1 до 5. Учесникот ќе има можност со лизгање на топчето да го оцени одговорот.
Ranking
Во делот ranking учесниците имаат можност да рангираат одговори според приоритет.
Q&A
Оваа опција е за учесниците да може да поставуваат прашања. Во сесиите за прашања одобрените прашања од страна на наставниците ќе се појават на екранот, и наставниците ќе имаат можност да одговараат на истите.