Што да посакаш? Здравје имам, среќа сите мои сакани се до мене. Би сакала најпрво страдањето, маките, што истрпевме две години со пандемијата, сето тоа да заврши, да живееме како среќни слободни и здрави луѓе на целата планета Земја.
Кога сето ова ќе заврши би сакала да бидам на одмор со најблиските и да се чувствуваме како во старите времиња. Маските од нашите лица да ги извадиме, да живееме слободно и безбедно. Ете, ова е мојата желба, за Новата година да почне со се најдобро и повторно да се чувствуваме спокојно и среќно.
Автор: В.Н. 9 одделение ОУ “Браќа Рамиз-Хамид”