Секој од нас посакува да има убава иднина и да живее убаво. Затоа сите правиме планови како тоа да го постигнеме и да се остварат нашите желби. Јас сакам да бидам успешен во животот и да го работам тоа што го сакам, успешно и професионално. Сите ние живееме во различни социјални средини и тоа не би требало да биде причина да се чувствуваме неприфатени од одредени луѓе кои живееат различен живот поради нивната матријална положба. Јас посакувам сите луѓе без разлика на нивната нација, вера, боја на кожа и др. да бидат срекни и да се почитуват меѓусебно. И ние младите кои сме иднина на заедницата во која живееме сме тие кои треба да се залагаме за сето тоа да се реализира. Нашата поврзаност е најприсутна во спортот, музиката, уметноста и сл. За да можам да им помогнам и да сменам нешто кај луѓето најпрво треба да имам добро образование,и да се усовршувам во она што го посакувам. Исто така сакам да имам многу пријатели од различни националости кои исто така сакам да се залагат за подобро утре. Јас најмногу од се сакам да цртам, затоа што мислам дека преку моите слики ќе успеам да пратам порака до сите луѓе. Преку моето платно и бои ке се обидат да го сменам светот односно свеста на младите за еден поинаков свет, свет на љубов и среќа. Во секојдневниот живот постојат повеќе примери каде што љубовта не познава граници и правила затоа не смееме да се чуствуваме различни едни од други, треба да веруваме дека љубовта, довербата и почитувањето помеѓу сите нас ќе не направи посилни за градење подобра иднина и свет без граници. Затоа ако станам уметник можеби сите ќе ја сфатат мојота порака љубов и подобар свет.
Автор: С. И. 4та година ДСУ „ Шаип Јусуф “