Сите учиме бидејќи сакаме да добиеме добри оцени и наставниците и родителите да не пофалат. Се трудиме најмногу од шесто до деветто одделение, бидејќи тие оцени ни требаат за да се запишеме во средно училиште и ако немаме висок просек нема да можеме да одиме во училиште коа го сакаме, туку таму каде што ќе може да не примат со послаби оцени. Но, дали е во ред да учиме само за оцените и за да не пофалат на училиште и дома?
Според мене најважно е да учиме за да се стекнеме со знаење. Не е толку важно дали ќе имаме 4ка или 5ка, важно е да бидеме паметни и да го имаме навистина научено тоа што ни е кажано на училиште. Освен тоа, во училиште учиме и како да се однесуваме. Научените работи во училиште треба да знаеме да ги примениме во животот, да размислуваме, да бидеме добри, искрени и секогаш да бидеме спремни да помогнеме. Не учат да не правиме грешки, а дури и да направиме, да знаеме како да ја поправиме грешката.
Мене ми е важно да имам добри оцени и учам и се трудам најмногу што можам. Не ми се секогаш сите петки, но задоволен сум бидејќи знам дека ми се заслужени оцените со сопствен труд и работите кои ги имам научено навистина ги знам. Се надевам дека до деветто одделение ќе ми бидат и подобри оцените и ќе можам да се запишам во средното училиште во кое сакам. Во моментов сакам да учам медицина и да станам доктор или да учам за да бидам полицаец.
Автор : Ѓ.С. ООУ „Браќа Рамиз-Хамид“-Скопје