Животот повремено ни сервира непријатни ситуации. Ако станеме доволно силни да се соочиме со нашите стравови ќе можеме да ги надминеме пречките. Никој не сака да се чувствува луто, испровоцирано или фрустрирано. Но, сите тие ситуации ни овозможуваат да вежбаме трпеливост и да бидеме потолерантни.
Негативните емоции може да се претворат и во нешто позитивно. Спортистите кои чувствуваат вознемиреност и трема пред натпревар покажуваат подобри резултати. Така секој кој се чувствува вознемирено треба да најде начин да се избори со тоа чувство и да го искористи на позитивен начин. Јас кога се чувствувам лошо зборувам за тоа за да се смирам и да најдам решение за проблемот кој ме мачи. Почнав и да свирам гитара пред некое време и кога свирам се фокусирам само на гитарата и музиката и тоа ме смирува и ме опушта. Музиката ме носи во свет каде што сите проблеми исчезнуваат. Многу сум среќен што најдов уште еден начин за ослободување од стресот. Секој треба да најде свој начин, некое хоби или активност што му делува убаво и прави да се чувствува добро. Нормално е понекогаш да бидеме лути, нервозни, тажни или вознемирени, но важно е да знаеме дека се поминува и дека има решение за се.
Треба да знаеме што не смирува, да го правиме тоа во такви моменти и да не реагираме веднаш и да избувнуваме, туку да размислиме, реално да ги согледаме работите и тогаш да одлучиме што треба да направиме. Како што мене ми помага разговорот и музиката, така секој има нешто што може да му помогне да си ги среди мислите и правилно да реагира кога се справува со негативни емоции.
Автор: Н.Џ. 7 одделение ООУ „Браќа Рамиз-Хамид“-Скопје