Толеранција е кога некого прифаќаме таков каков што е. Толеранцијата е нешто што сите треба да го научат од мали нозе. Треба сите да ги прифаќаме, да не судиме или понижуваме некој на основа на неговиот изглед, вера, физичка попреченост, националност, пол, сексуална определба или каква била карактеристика.
Разговорот со наставниците во моето училиште за случката со девојчето од Гостивар кое не беше прифатено од страна на своите соученици ме поттикна да пишувам на оваа тема. Сакам да зборувам на оваа тема бидејќи и јас лично имам почувствувано како е да си дискриминиран. Во мојот случај причината за дискриминација беше мојата религија. Учев во одделение во кое само јас бев од друга религија и никој не ме прифаќаше. Многу ми беше тешко, се чувствував отфрлена и осамена, повредена. Ниту едно дете не заслужува да биде дискриминирано, бидејќи тоа е најлошото чувство.
Тоа што бев дискриминирана ми помогна да сфатам колку е лошо да се однесуваш кон луѓето со непочит и да не ги прифаќаш. Иако го научив тоа на лош начин, сепак ми беше лекција која ме направи посилна и посвесна колку влијае нашето однесување на другите луѓе. Мора сите да научат дека сите луѓе се еднакви и сите треба и мора да ги имаме истите права.
Автор: Г.М. ООУ „Браќа Рамиз-Хамид“-Скопје