Ви претставуваме истражувачка сторија изработена од страна на Христина Беловска во врска со предизвиците со кои се соочуваат децата на улица и нивните семејства.
Целата сторија и видеата може да ги погледнете на следниот линк:
Нашите проблеми VS носителите на промени е секција која вклучува професионални новинарски текстови и статии за проблемите и предизвиците на учениците со низок социо-економски статус и нивните семејства , со цел актуализирање на оваа тема и барање решенија од креаторите на законот и експерти од различни области.
Доколку сте дел од новинарската фела и сакате да дадете свој придонес, споделете ги со нас вашите новинарски текстови, статии, истражувачки стории на оваа тема.
Ви претставуваме истражувачка сторија изработена од страна на Христина Беловска во врска со предизвиците со кои се соочуваат децата на улица и нивните семејства.
Целата сторија и видеата може да ги погледнете на следниот линк:
„ Најголеми последици од секоја криза имаат сиромашните граѓани. Оние кои што подолг период се на раб на егзистенцијата. Во последниве неколку години, токму тие домаќинства имаа најголеми предизвици. Со пандемијата дојде здравствено – економската криза, потоа таа се прелеа и во енергетска криза која што се уште трае и дополнително се продлабочува. И додека државите прават планови како да се намалат последиците од овој тежок период за сите а посебно економиите, веќе се создава нова криза и тоа воена. Пострашно и не можеше да биде. Наместо опоравување, светот е пред нов предизвик. И денеска да заврши воениот конфликт на истокот на Европа, штетите ќе бидат огромени и допрва ќе следат. “ – Текст за економијата, објавен на www.denar.mk на 03.03.2022 год.
Целиот текст може да го најдете на следниот линк :
Колумна на Ѕвездан Георгиевски
Призма, 07.02.2022
Колумната може да ја прочитате на линкот :
“ Ценети присутни,
Не можеме да кажеме дека живееме во слободно и праведно општество се додека има деца кои живеат во сиромаштија. Оттука прашањето на детската сиромаштија е пред се морално и етичко прашање. Нам не ни треба некаква апстрактна етика втемелена врз нејасни концепти, туку конкретна етика што подразбира практични чекори и политики кои водат кон системски и структурни промени што ќе создадат услови за издигнување на децата од зоната на сиромаштија и нивно рамноправно вклучување во општеството. Солидарноста кон ранливите е многу повеќе од чин на великодушност. Солидарноста подразбира борба против структурните причини за сиромаштијата и нееднаквоста. “ – Ова е дел од обраќањето на Претседателот Пендаровски на Форумот кој што се одржа на 7.12.2021год. Повеќе информации од Форумот имате на следниот линк :
Џемилиана Абдулова е млада девојка од Скопје, апсолвент на студии по новинарство на Правниот факултет во Скопје. Таа е претседател на Ромскиот културен и медиа центар БАРИКАНИПЕ кој веќе 6 години активно работи на активности поврзани со ромската култура и медиуми. Неа ја познаваме и како актерка во многубројни аматерски театарски претстави. Целото интервју на ромски јазик го имате на следниот линк а на сликата го имате преводот на македонски јазик.
