МОН доделува грантови на основни и средни училишта

Министерството за образование и наука објави Јавен повик за доделување на грантови за основните и јавните средни училишта, кои придонесуваат за равој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата. Активностите кои ќе бидат поддржани со грант, може да се реализираат самостојно во училишта во кое наставата се одржува на повеќе наставни јазици, или во партнерство со друго училиште.

Грантови се во висина до 30.000,00 денари и ќе бидат доделени на вкупно  95 училиштата, од кои 70 основни и 25 средни училишта, а селекцијата со рангирање ќе ја прави Комисија за вреднување на пристигнатите апликации, согласно одредените критериуми.

Повеќе информации имате на следниот линк :

https://mon.gov.mk/content/?id=4359&fbclid=IwAR1DSu6XpWun2aU6HfovWqLXOKgxQgR3twbzfoxwZxuvjzMZtkFpaztrEBA