СМАРТ Балкан

категорија
Минати проекти
За овој проект

Од мај 2023 година ,следните 6 месеци Центарот за социјални иницијативи Надеж започнува со реализациај на проектот “Иницирај – Реализирај – Промени” кој е дел од грантовите доделени преку Смарт Балкан проектот финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.Целта на проектот е поддршка на заедницата подобро да ги разбере своите безбедносни проблеми и да изгради поефикасни капацитети за соочување со истите.
Проектот ќе се реализира преку следниве активности:
1.Активност преку која ке се направи мапирање и проценка на капацитетите на локално ниво, како и акти и процедури кои се користат за постапување во случај на елементарни непогоди;
2.Активности преку која ќе се формира група која ќе донесе препораки за подобрување/унапредување на постоечките планови/процедури за постапување во случај на елементарни непогоди;
3. Активности преку кои ќе воспостави соработка меѓу локалните училишта, општинската организација на Црвениот Крст , Дирекцијата за спасување, МВР и локалната власт преку која ќе се реализирана обука и симулациони вежби во најмалку 4 училишта на локално ниво;
4. Активности преку кои ќе се формираат и ќе бидат обучени најмалку 4 ученички превентивни тимови на локално ниво
5. Активност преку која ќе се се изготват и истакнати планови за евакуација на видно место со јасно одбележани излези во едно пилот училиште во рамки на иницијативата;
6. Креирњеа и спроведување на промотивна кампања на социјалните медиуми за подигнување на свеста на пошироката јавност на локално ниво за иницирање и вклучување во иницијативи за превенција од елементарни непогоди и закани.
Целни групи на проектот “Иницирај – Реализирај – Промени” се:
-локалната зедница,локалната самоуправа,основни училишта, деца во основни училишта пошироката јавност.
Донатотр: СМАРТ Балкан
Времетраење: 01.05.-01.11.2023година
Одобрени финансии: 7.848,60 евра