Клуб за девојки

За овој проект

Резиме

  • Помош во пишување домашни задачи – активноста ќе се реализира секој ден, наутро и попладне. 80 девојки ќе бидат вклучени во оваа активност.
  • Креативни активности- ќе се реализираат три пати неделно и вкупно 50 девојки ќе бидат вклучени во активноста.
  • Клуб за девојки- ќе бидат понудени шест различни теми во рамки на оваа програма: прашања поврзани со љубовта, пријателството, козметика, болести на зависност, рана бременост и брак. Учесниците ќе можат да одберат неколку од понудените теми, според индивидуалните интереси. Активноста ќе се реализира во групи од 10 учесници.
  • Здравствена програма – ќе се организира во групи составени од 10 девојки. Во зависност од темата, циклусот ќе опфати 3-6 едукативни работилници во времетраење од 90 минути.
  • Компјутерски курс – вклучува стекнување на основни компјутерски вештини. Ќе се реализира во групи составени од 6 девојки.

Резултати

  • Секојдневно, на просечно 35 девојки, им беше овозможена помош при пишување домашни задачи.
  • Беа реализирани 36 родителски состаноци, на кои присуствуваа вкупно 178 родители.
  • 30 девојки беа вклучени во програмата Клуб за девојки. Програмата опфати консултации на различни теми
  • 50 девојки беа вклучени во програмата за креативни активности: сликање, изработки од глина, боење керамика, декорирање на хартиени чинии и чаши, изработка на орнаменти, изработка на накит, изработка на картички и постери, итн.
  • 30 девојки учествуваа во здравствената програма и се здобија со знаења на различни теми: Проблеми со ‘рбетот и преветивни мерки, Крв и болести кои се пренесуваат преку крвта, Видови на храна и здрава исхрана, Одржување на лична хигиена, Хепатитис, Пубертет и физички промени во пубертетот, Сексуални односи, Полово преносливи болести и превенција, Негативни последици од абортусот, Насилство и превенција, Трговија со жени, Педофилија, итн.
  • 20 девојки посетуваа обука за основни компјутерски вештини.
Времетраење

септември 2006 - јуни 2007

Цели

Да се подобри интеграцијата на девојките преку овозможување пристап до образование, и понуда на активности за исполнување на слободното време. Да се стекнат знаења преку усвојување на нови методи на учење. Да се мотивираат девојките за поголема инволвираност во процесот на донесување одлуки кои се однесуваат на нив самите, како и на нивната заедница, преку волонтерска работа и пристап до информации.

Целна група

50-80 девојки од Шуто Оризари, на возраст 12-18 години и нивните родители.

категорија
Минати проекти