Author: Slave ANGELOV

Прослава на Денот на шегата

Денот на шегата и оваа година го прославивме со дефиле на сите маскирани ученици во нашите проекти. Вчера се одржаа работилници со родители и деца во двата наши центри (Едукативен центар и Центар за претшколска возраст), каде што учениците заедно со нивните родители изработуваа маски...

Пролетна пермакултурна чистка

Како што е ред, пред почетокот на новата пермакултурна сезона, поканивме дел од родителите на нашите ученици и заедно ја исчистивме градината од пиреј, ја собравме старата слама од редовите и ја подготвивме за новите култури кои набрзо ќе ги засадиме. Ова беше одлична можност...

Почнува да мириса на пролет

Денешниот ден го поминавме набљудувајќи ги промените во природата пред официјално да ја дочекаме пролетта. Листопадните дрвја пројавија пупки кои набргу ќе расцветаат. Зимзелените нѐ посипаа со полен, а неколку храбри растенија нѐ изненадија во градината со нивната издржливост на ниски температури, па во целосен...

Благодарница од Црвен Крст на Македонија

По повод 70 години постоење на Црвен крст на Република МакедонијаЦентар за социјални иницијативи Надеж доби благодарница за успешната соработка која ја негуваме долго време. На Црвен Крст им го честитаме 70-от роденден и им посакуваме уште многу години постоење и соработка со нас. Ви благодариме...

Веселата и тажната приказна

За подобро да ги разбереме емоциите и зборовите кои претставуваат различни емотивни состојби, едукаторките на децата им приредија театарско читање на кратката интерактивна претстава „Веселата и тажната кутија“ - приказна за една весела кутија која објаснува дека е таква бидејќи дечињата ја сакале и во...

Како го прославивме 8-ми март

Со мало задоцнување сакаме да ви покажеме што правевме по повод Денот на жената 8 Март. Во Едукативниот центар Надеж поканивме мајка која сметаме дека е од најеманципираните од родителите во нашиот проект, која заедно со нашите едукаторки на децата им објасни зошто се празнува...

Што значат нашите имиња?

Знаевте ли дека името Ѓулистан значи „цвеќе“? Денес го одбележавме денот на имињата. Разговаравме што значат нашите имиња, поканивме една мајка која ни објасни за значењето на традиционалните ромски имиња кои секојдневно ги среќаваме. Секое дете поединечно ни кажа како го добило неговото име и дали...

Го враќаме сјајот на пермакултурната градина

Од почетокот на март добивме скромна поддршка од најмалите активисти при Шулер Хелфен Либен асоцијацијата за вклучување на пермакултурната градина во нашите секојдневни активности со дечињата од едукативниот центар. Токму затоа, го повикавме нашиот пријател Огнен од Зелената Арка да разговараме за можностите за развивање...

Учиме да броиме до 10

Секој ден во текот на месецот февруари, дечињата од нашиот центар за претшколска возраст учеа по еден број до 10, а ние се фокусиравме на задачата не само да ги научиме на памет да избројат до десет, туку и да ги препознаваат броевите и да...

Лакомата Меца – Театарска претстава

Дечињата од центарот за претшколска возраст денес го посетија театарот за деца и младинци во Скопје и ја гледаа претставата за деца „Лакомата меца“. Оваа претсава е наменета за најмалите деца. Во неа се зборува за основните бон-тон правила во јадењето на оброците. Низ интеракција...