Category "Проблеми/ промени"

8Mar2022

Ви претставуваме истражувачка сторија изработена од страна на Христина Беловска во врска со предизвиците со кои се соочуваат децата на улица и нивните семејства.

Целата сторија и видеата може да ги погледнете на следниот линк:

3Mar2022

„ Најголеми последици од секоја криза имаат сиромашните граѓани. Оние кои што подолг период се на раб на егзистенцијата. Во последниве неколку години, токму тие домаќинства имаа најголеми предизвици. Со пандемијата дојде здравствено – економската криза, потоа таа се прелеа и во енергетска криза која што се уште трае и дополнително се продлабочува. И додека државите прават планови како да се намалат последиците од овој тежок период за сите а посебно економиите, веќе се создава нова криза и тоа воена. Пострашно и не можеше да биде. Наместо опоравување, светот е пред нов предизвик. И денеска да заврши воениот конфликт на истокот на Европа, штетите ќе бидат огромени и допрва ќе следат. “ – Текст за економијата, објавен на www.denar.mk на 03.03.2022 год.

Целиот текст може да го најдете на следниот линк :

https://denar.mk/260731/ekonomija/makedonija-ekonomija/siromasnite-ne-mozat-sami-da-se-borat-so-tri-krizi-po-red

9Dec2021

“ Ценети присутни,

Не можеме да кажеме дека живееме во слободно и праведно општество се додека има деца кои живеат во сиромаштија. Оттука прашањето на детската сиромаштија е пред се морално и етичко прашање. Нам не ни треба некаква апстрактна етика втемелена врз нејасни концепти, туку конкретна етика што подразбира практични чекори и политики кои водат кон системски и структурни промени што ќе создадат услови за издигнување на децата од зоната на сиромаштија и нивно рамноправно вклучување во општеството. Солидарноста кон ранливите е многу повеќе од чин на великодушност. Солидарноста подразбира борба против структурните причини за сиромаштијата и нееднаквоста. “ – Ова е дел од обраќањето на Претседателот Пендаровски на Форумот кој што се одржа на 7.12.2021год. Повеќе информации од Форумот имате на следниот линк :

https://kanal5.com.mk/pendarovski-na-forumot-siromashtijata-na-decata-vo-makedonija-primanjata-ne-se-edinstven-faktor/a506771

25Oct2021

Џемилиана Абдулова е млада девојка од Скопје, апсолвент на студии по новинарство на Правниот факултет во Скопје. Таа е претседател на Ромскиот културен и медиа центар БАРИКАНИПЕ кој веќе 6 години активно работи на активности поврзани со ромската култура и медиуми. Неа ја познаваме и како актерка во многубројни аматерски театарски претстави. Целото интервју на ромски јазик го имате на следниот линк а на сликата го имате преводот на македонски јазик.