Започна имплементацијата на Оперативниот план за 2022 од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија денес ги објави првите јавни огласи за учество во дел од мерките од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година. Невработените лица и работодавачите од денес ќе можат да аплицираат за учество во мерките Самовработување, Практиканство и Вработување и раст на правни субјекти.

Поради големиот интерес за учество во програмата Самовработување оваа година е обезбеден највисок опфат до сега за нејзина реализација, односно е предвидена финансиска поддшка за отворање на сопствен бизнис за 2000  лица. 

Повеќе информации за мерките на следниот линк :

http://www.av.gov.mk/nastani-ns_article-zapocna-implementacijata-na-operativniot-plan-za-2022-objaveni-javnite-oglasi-za-merkite-samovrabotu.nspx