Пандемијата на корона вирусот предизвика големи промени во секојдневниот живот. Мерките кои земјите ги превземаа за справување со пандемијата се неопходни, но може да имаат значаен ефект врз нашата емоционална благосостојба. Стравот, вознемиреноста, гневот и тагата се продлабочуваат поради неодење на училиште, поради оддалеченост од врсниците и приспособување кон нови начини на учење и работење, како и поради балансирање на работата со домашните обврски и грижата за децата, имајќи одреден страв од губење на работата и на семејниот приход.
Погледнете го видеото во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=SEU7fs-N-sE