ЕДУИНО ИГРАТОН

Драги едукатори, родители/старатели и деца,

Радост, смеа и игра се зборови кои нè потсетуваат на детство и за многумина се едни од најубавите спомени од животот. Деновите поминати со забава, насмевки и дружење се бесценети за секое дете. Потсетувајќи се на ова, ЕДУИНО презема важна мисија: да поттикне радост и безброј насмевки во целата држава!

По повод 20-ти ноември, Светскиот ден на детето, преку незаборавниот креативен предизвик „ЕДУИНО Игратон“ сакаме да инспирираме цела недела исполнета со дружба, учење и игра под мотото – Целата држава учи и игра! Оваа година го прошируваме игратонот, па освен родители/старатели и деца во домашни услови, во игратонот ќе може да учествуваат деца и воспитувачи од градинките, како и ученици и одделенски наставници од училиштата!

Повеќе информации на следниот линк :https://www.eduino.mk/igraton/?fbclid=IwAR3NmcfEFsxAMczZ2J1X8LU9XOyWUf9UsoKbVRUNtbFHyBlkuDTTdgRrPjE