
На 10 октомври го прославуваме Светскиот ден на менталното здравје. Темата на овогодинешниот Светски ден на ментално здравје е “Менталното здравје во нееднаков свет”, барајќи од нас да размислиме за прашањата што предизвикуваат нееднаквост во менталното здравје и локално и глобално. На менталното здравје влијаат многу фактори и околности: сиромаштија, нееднаквост, развој, социјална изолација… Од тука како што може да забележиме, влијанија од сите сфери на животот допринесуваат за квалитетот на нашето ментално здравје. Како што расте нашето разбирање за менталното здравје, растеме и ние заедно со него.




Грижата за себе и блиските е едно едно од главните начела кои треба да се почитуваат во денешното темпо на живеење. Грижата за себе мора да стане навика!
Зборувањето за предизвиците за менталното здравје може да биде тешко, но е важно, особено за време на пандемијата „Ковид-19“. Како го започнувате разговорот? Што велите? Проверете ги советите на УНИЦЕФ, кои може да ви помогнат полесно да разговарате за менталното здравје – како да го споделите она што ви е на ум и да ги поддржите вашите пријатели и семејството.