Во текот на изминатиов период, соочувајќи се со актуелната пандемија, голем број на чувства нѐ преплавуваат размислувајќи за коронавирусот. Се грижиме за себе и за здравјето на нашите најблиски. Некако сегашноста ни изгледа збунувачка, а иднината неизвесна. Но, додека најмногу внимание посветуваме на нашето физичко здравје, често забораваме дека исто така многу значајно е да се грижиме и за нашето ментално здравје. Менталното здравје подразбира позитивна физичка, социјална и ментална состојба. Да се грижиме за нашето ментално здравје и нашата добросостојба, значи да обрнеме внимание на повеќе аспекти од нашето живеење : […]
Оваа секција обезбедува поддршка за корисниците преку објавување на написи со совети за правилна грижа за менталното здравје и благосостојба, како и последиците од ковид кризата врз менталното здравје.
Стресот е неизбежен и, за жал, непријатен дел од животот. Секој од нас е под стрес одвреме-навреме, без разлика дали се соочува со големи животни одлуки, зголемен обем на работа, здравствени проблеми или со решавање различни,секојдневни предизвици. Затоа оваа недела- Меѓународната недела на свесност за стресот ве потсетуваме на важноста од справувањето со оваа состојба, за важноста од општата благосостојба и на менталното здравје. […]

На 10 октомври го прославуваме Светскиот ден на менталното здравје. Темата на овогодинешниот Светски ден на ментално здравје е “Менталното здравје во нееднаков свет”, барајќи од нас да размислиме за прашањата што предизвикуваат нееднаквост во менталното здравје и локално и глобално. На менталното здравје влијаат многу фактори и околности: сиромаштија, нееднаквост, развој, социјална изолација… Од тука како што може да забележиме, влијанија од сите сфери на животот допринесуваат за квалитетот на нашето ментално здравје. Како што расте нашето разбирање за менталното здравје, растеме и ние заедно со него. […]
Здравјето е состојба на целосна физичка, ментална и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест и исцрпеност. Без ментално здравје, воопшто нема здравје. За жал, многу често менталното здравје го ставаме настрана и не го гледаме како приоритет,особено денес во време на пандемија. […]