За родители

1Oct2021

Драги родители, вашиот позитивен став кон училиштето и учењето се пренесува на вашето дете. А најдобриот начин да ја поттикнете љубовта кон учењето кај вашите деца е тоа да го направите преку заеднички игри со нив. Затоа ве покануваме да ја разгледате секцијата Активности на платформата ЕДУИНО-настава која содржи над 200 корисни активности за деца од 3 до 10 години, во која сме сигурни дека ќе најдете инспирација и прекрасна можност за учење и игра!

Оваа секција содржи игровни активности кои може да ги пребарате според избор на тема, возраст и време за реализација. Активностите се опишани според унифициран шаблон во кој е наведен начинот на подготовка и реализација, а подолу има и фотографии и/или видео од изведба на активностите. Во библиотеката ќе најдете и подготвени дигитални игри и упатства за нивна инсталација и играње.

Погледнете ги содржините на следниот линк: Активности и игри во домашни услови – ЕДУИНО | EDUINO