Проект „Таа може, таа ќе успее : Со вештини до економска независност“

категорија
Минати проекти
За овој проект

Проекlogo WDP (3)тот „Таа може, таа ќе успее : Со вештини до економска независност“ ќе ги поттикне младите жени од различно етничко потекло да бидат економски независни и ќе им даде корисни вештини за полесно земање на учество во пазарот на труд.

Понатаму, една од целите на проектот е да се подигне свеста за родовата еднаквост и да се популаризира темата кај пошироката јавна публика преку медиумски производи произведени од македонски новинари, објавени на македонските онлајн медиуми и националните ТВ станици.

Активности:

– Организирање на три стручни обуки на тема „Нови модни трендови во фризури“ за вкупно 40 ученици во трета година на фризерската програма од училиштата „Шаип Јусуф“ и „Димитар Влахов“;

– Работилници за користење на социјалните медиуми за промовирање на мал бизнис;

– Работилници за родова еднаквост кои ќе опфатат теми: Родово засновано насилство во различни земји, Како да ги научиме момчињата и девојчињата дека имаат еднакви права? Главните предизвици со кои се соочуваат жените на работното место, Улогата на училиштата во учењето на децата на однесувања кои се сметаат за соодветни за нивниот пол;

– Организирање на две младински акции за подигнување на важноста на родовата еднаквост во секое средно училиште;

– Креирање на 3 медиумски производи на тема родова еднаквост;

– Организирање бесплатни фризерски услуги за маргинализирани жени, стари жени, болни жени итн. Вкупно 20 ученици од сите години на фризерската програма од СОУ „Шаип Јусуф“ ќе даваат бесплатни фризерски услуги во општина Шуто Оризари;

– Организирање на две посети во старечки дом од ученици од СОУ „Димитар Влахов“. Вкупно 20 ученици од сите одделенија на фризерската програма ќе даваат бесплатни фризерски услуги на стари лица/жени сместени во старечки дом, по повод национален празник.

Донатор: Weltgebetstag der Frauen, Германски комитет

Целна група:

– Околу 240 ученици од средните училишта „Шаип Јусуф“ и „Димитар Влахов“ на возраст од 15, 16 и 17 години, од кои 60 % женски и 40 % машки. Повеќето од нив доаѓаат од маргинализирани групи (Роми) и од социјално загрозени семејства.

-10.000 луѓе од пошироката јавност

Времетраење: јануари 2021-јуни 2022 година