ПОДДРШКА ЗА НОВ ПОЧЕТОК на жените осуденички, претходно осудени и жени под пробациски надзор од град Скопје

Донатор

Европска унија

Целна група

10 осуденички од територијата на Град Скопје

Времетраење

01.09.2023 - 31.08.2024 година

категорија
Тековни Проекти
За овој проект

На 01.09.2023 година Ц.С.И. Надеж – Скопје започна со имплементација на проектот „ПОДДРШКА ЗА НОВ ПОЧЕТОК на жените осуденички, претходно осудени и жени под пробациски надзор од град Скопје“, како дел од проектот „Воспоставување услуги во заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осуденици” имплементиран од Македонското здружение на млади правници, а финансиски поддржан од Европската Унија во рамките на програмата IPA/2022/433-960.

Целта на проектот е да им помогне на најранливите жени осуденички, претходно осудени и/или жени под пробациски надзор да живеат одговорен живот, да се дистанцираат од минатото и да преземат активна улога во планирањето на сопствената иднина по излегувањето од затвор и/или по отслужување на казната. Во проектот ќе бидат вклучени 10 жени од територија на град Скопје.

Главни активности на проектот се:

– Воспоставување на тримесечна обука и вклучување на жени осуденички за стекнување вештини и компетенции за занимање фризер, козметичар/шминкер и маникир и нивно оспособување за пазарот на труд; oбезбедување обуки за социјални и т.н. меки вештини;

– Обезбедување индивидуална и/или групна психосоцијална поддршка за надминување на психолошките состојби врзани со отслужувањето на казната затвор и обезбедување правна помош за заштита на правата на жените осуденички, претходно осудени и/ или жени под пробациски надзор по нивното напуштање на установата и отслужување на казната;

– Зајакнување на комуникацијата и соработката со јавни институции;

– Јакнење на капацитетите на Ц.С.И. Надеж за обезбедување национални сервиси (давател на услуги) за ресоцијализација, реинтеграција и пост–пенална грижа во согласност со законските регулативи но и во согласност со најдобрите меѓународни и европски стандарди.

Времетраење на активностите на Ц.С.И. Надеж: 01.09.2023 – 31.08.2024 година