Да играме за здрава иднина

За овој проект

Позадина на проектот

Тоа што многу деца од западно-европските земји го земаат здраво за готово – играње, живеење и учење во безбедна средина – е луксуз за повеќето деца кои растат во Шуто Оризари, најголемата ромска општина во Европа. Просториите на Ц.С.И. Надеж се наоѓаат во срцето на Шутка, сиромашна населба во предградието на Скопје, главниот град на Македонија. Во рамки на организацијата функционира Младински центар кој секојдневно е посетуван од 60-тина деца. И покрај тоа што просторот не може да им понуди многу на децата кои не се вклучени во проектот на Ц.С.И. Надеж, секојдневно доаѓаат голем број на деца за да играат обидувајќи се да ги одбегнат тесните сокаци во Шутка кои не нудат простор и слобода за детската игра.

Кукук Култур е непрофитна организација која потекнува од Кукук, германска компанија која е специјализирана во изградба на игралишта не само во Германија туку насекаде низ светот.
Кукук се здружува со други организации и волонтери, претежно училишни класови, за да внесе боја во сивите и мрачни средини во кои живеат младите луѓе.
Матурантите од Валдорф Шуле ауф ден Филдерн одлучија да изведат социјален проект наместо да одат на традиционалното матурско патување. Со поддршката и знаењето на Кукук и уште една група на помали ученици тие дизајнираа и изградија игралиште соодветно на потребите на децата во Шуто Оризари.

Резиме

Целта на проектот беше да развие и конструира игралиште според потребите на децата и посебните услови во Шутка. Празниот простор доби нов живот и артистичките урбани реквизити добија не само образовна намена туку и создадоа пријатна атмосфера. Ромските деца беа исто така вклучени во дизајнирање и градење на новиот надворешен изглед, со што за нив стана полесно да го прифатат, се грижат и одржуваат ново дизајнираниот простор.
Периодот на изградба беше поделен на два дела. Во првиот дел, класот на матуранти ги изгради главните елементи, а подоцна втората група на помали деца, одбрани од Кукук Култур (‘‘Кукук деца‘‘) продолжија и ја довршија нивната работа.

Евалуација

Проектот се покажа како инспиративно искуство за сите вклучени страни. По само две седмици ефективно градење, просторот блесна како нов. Помеѓу работите што беа изградени имаме качувачки ѕид, уште една качувачка конструкција, клупи, нови голови за фудбал, кошаркарски кошеви, простор за логорски оган и песочно место за играње.

Времетраење

12 мај – 2 јуни 2012

Партнери

Кукук Култур е.В - Германија Фраје Валдорфшуле ауф ден Филдерн - Германија Германската амбасада во Скопје

категорија
Минати проекти