Цивика Мобилитас
-стручните работници од системот на социјална заштита и корисниците, -давателите на социјални услуги и корисниците и - младинските работници и младите
01.12.2023 – 30.09.2026
На 01.12.2023 година ЦСИ Надеж започна со имплементација на проектот ЗЗЗ- ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА во партнерство со Центарот за младински активизам ЦМА-КРИК Скопје како носител организација и Здружението на СОЦИЈАЛНИ РАБОТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА Скопје како партнер организација.
Проектната идеја e обид да се пилотира и воведе зелената социјална работа и социјалната трансформација како холистички перспективи што се стремат да ја поддржат благосостојбата на луѓето во надминувањето на постоечките климатски промени и одржување здрава животна средина. Активностите се засноваат на застапување и спроведување на концептот на право на здрава животна средина за сите, преку зелена социјална работа и потреба од социјална трансформација за справување и резилиентност од овие промени.
Главната цел на проектот е Воведување на еколошката т.н. „зелената“ перспектива во стручната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но воедно и за градење инклузивно и демократско општество за сите.
ГЛАВНИ АКТИВНОСТИ НА ПРОЕКТОТ СЕ:
– Акциско истражување „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава одржлива животна средина за сите“ на ниво на 8 плански региони
– Изработка на Платформа за зелено делување
– 3 Обуки за заштита на животна средина наменети за:
– Локални иницијативи
– Локални активности со цел подигнување на свеста кај пошироката популација за заштита на животната средина
– Подготовка на стенд ап настап за заштита на животна средина
– Настани за вмрежување со засегнати страни – ЗЕЛЕН КАРАВАН ЗА ЗЕЛЕНО ВМРЕЖУВАЊЕ (GREEN NETWORKING)
– Кампања и видливост на зелената перспектива во стручната работа во системот на социјална заштита и во младинскиот активизам