ЦСИ НАДЕЖ започна со реализација на проектот “Инспирирај, мотивирај, делувај за подобро образование” кој има за цел поттикнување на подобра образовна интеграција на учениците со низок социо-економски статус во заедницата и подигнување на свеста помеѓу локалните чинители за потребата од преземање акција за надминување на последиците од нискиот социо-економски статус врз образовниот и личен развој на учениците. Ова е двегодишен проект (јануари 2021-декември 2022 година), ре-грант од Фондација за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор , а финансиран од Европската Комисија.
Проектот ги опфаќа следните активности:
Донатор: Европска Комисија
Целни групи:
– 600 ученици од 5-9 одд. од пилот училиштето “Браќа Рамиз-Хамид”, Шуто Оризари, со акцент на учениците со низок социо-економски статус, како и ученици од 4 други училишта кои ќе се утврдат во соработка со ЧпЧ:
– Семејства со низок социо-економски статус чии деца се целна група на проектот;
– Наставници, стручната служба и раководството во ОУ “Браќа Рамиз-Хамид”, Шуто Оризари и други четири училишта утврдени во соработка со ЧпЧ;
– Локални чинители(претставници на локалните власти, НВО секторот)
– Пошироката јавност на национално ниво.
Времетраење: јануари 2021-декември 2022