Усовршете го вашиот ум и прифатете ја вашата идна професија

Донатор

ЕРАЗМУС+

Времетраење

01.11.2023-30.06.2024година

Одобрени финансии

30.000 евра

категорија
Тековни Проекти
За овој проект

ЦСИ „Надеж„ од 01.11.2023 започна со реализација на проектот „Усовршете го вашиот ум и прифатете ја вашата идна професија„ кој што се финансира преку програмата ЕРАЗМУС+ КА 210 – Партнерства од мал обем во полето стручно образование и обука од страна на Националната агенција агенција за европски образовни програми и мобилност во Република Северна Македонија.

Целта на овој проект е зајакнување на индивидуалните капацитети и вештини за вработување и само вработување на жените од руралните средини, жени со физички хендикеп,невработени,Ромки и самохрани мајки, преку реализирање на тренинг за меки вештини и претприемништво.

Преку реализирање на предвидените активности вкупно 15 жени ќе добијат основни знаења,вештини за претприемништво според нивните потреби и ќе ги зајакнат нивните меки вештини со што ќе станат по кометативни на пазарот на трудот. Истовремено преку интеркултурната размена на искустава со нашите партнери Work in Progress и EUVillages srls од Италија ќе се зајакнат организациските капацитети на ЦСИ НАДЕЖ за советување,застапување и промоција на женското претприемништво .

Целна група на проектот “Усовршете го вашиот ум и прифатете ја вашата идна професија”се жени од 18 до 40 години од рурална средина,жени со физички хендикеп,невработени,Ромки и самохрани мајки од Република Северна Македонија.