СТРАТЕШКИ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА РАБОТА СО МЛАДИ ОД МАРГИНАЛИЗИРАНИ ГРУПИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

категорија
Тековни Проекти
За овој проект

Времетраење на проектот: 01.09.2021-30.06.2022

Донатор: Шулер Хелфен Лебен, Германија

www.schuler-helfen-leben.de

Проектот е фокусиран на зајакнување на капацитетите на ЦСИ Надеж за социјално претприемништво и промовирање на активностите за групно финансирање, поврзани со стратешки приоритети за периодот 2022-2025 година.

Организацијата неодамна стана постојан партнер на Global Giving, најголемата платформа за групно финансирање за невладини организации во светот. Следниот чекор во развојот во оваа област е стекнување на дополнителни ресурси и збогатување на тимот за прибирање финансиски средства со дополнителни вештини и стекнување на искуство во промовирање на активности за групно финансирање.

Во согласност со барањата формулирани во стратешкиот план-подобрување на социјалната вклученост на маргинализираните групи преку концептот на социјално претприемништво – вработените и членовите на ЦСИ НАДЕЖ, како и младите со интерес за професионален развој во оваа област, ќе имаат можност да ги зајакнат нивните капацитети преку процес на обука и менторство.